Со головите на Фред односно Едисон Кавани и Мејсон Гринвуд, тимот на Манлестер Јунајтед успеа да слави во големото дерби од ова премиерлигашко коло против тимот на Тотенхен и тоа на гостински терен со конечни 1:3.

Дуелот беше исполнет со многу возбудувања во кои централна фигура беше токму Едисон Кавани.

Прв го доведе ЈУнајтед во водство во првото полувреме, на прекрасна асистенција на Погба, но ВАР проверката покажа прекршок на Мектоминеј врз Сон во зачетокот на акцијата па резултатот остана 0:0.

Само две минути подоцна токму Сон  по добро одработена акција на домаќинот го доведе Тотенхем во водство од 1:0.

Во вториот дел Јунајтед дефинитивно реши да оди на освојување на бодови, и тоа му успеа. Неколку добри ситуации пред противничкиот гол, а првата ја искористи Фред во 57. минута.

На десет минути до крајот Кавани сепак дојде до својот поогодок на овој меч, а овојпат немаше интервенција од ВАР за истиот да биде поништен. Прекрасно реагираше со глава на центаршутот на Бруно Фернандеш и во стил „супермен“ се фрли и погоди во долниот лев голманов агол. Во последните моменти од мечот, Мејсон Гринвуд ги постави конечните 1:3 на овој меч.

 

sportmedia.mk