ЕКСПЛОЗИЈА СРЕДЕ МУНДИЈАЛОТ! Роналдо има нов клуб! Ќе стане НАЈПЛАТЕНИОТ ФУДБАЛЕР во историјата!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо наскоро би можел да стане нов играч на Ал Наср од Саудиска Арабија, пренесува шпанска „Марка“.
Шпанскиот весник истакнува дека Роналдо има неверојатна понуда на маса – договор на две и пол години и нереални 200 милиони евра по сезона!
“Роналдо е блиску до договор со Ал Наср. Во овој клуб ќе заработува 200 милиони евра по сезона, а во договорот ќе биде вклучена и рекламна клаузула. Роналдо нема избор. Ниту еден европски клуб не може да ја следи финансиската понуда на Ал Наср, и истото не можат да го направат ни клубовите од МЛС лигата“, пишува „Марка“.
Наводно, трансферот ќе се реализира по завршувањето на Светското првенство во Катар.
Тренер на Ал Наср е Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на тимот во моментов се голманот Давид Оспина и шпанскиот фудбалер Алваро Гонзалес. Заедно со Ал Хилал, Ал Наср е клубот со најмногу трофеи во Саудиска Арабија.
Да потсетиме, Роналдо пред 10-ина дена го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и моментално е слободен играч.