Ексфудбалер на Лидс заглави во затвор поради канабис

" alt=

Поранешниот фудбалер на Лидс јунајтед, Ирецот Роберт Бејли доби затворска казна од две и пол години откако се обидел да шверцува 200.000 евра вреден канабис во Даблин.

Според ирските медиуми, Бејли се согласил да го транспортира канабисот во Даблин на 12 мај 2017 година за да го исплати долгот од 6.000 фунти кој го имал по проблемите со коцката.

Бејли беше талент од школата на Лидс јунајтед, каде што беше од својата 14-та година, но на крајот имаше само три настапи за „белите“ од 2006 до 2007 година, пред да биде отпуштен од договорот на крајот на сезоната. По ова тој се врати во Република Ирска, каде што имаше повеќе клубови како Шемрок роверс, Бохемијанс, Шелбурн, Дрогеда јунајтед и Ватерфорд јунајтед.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари