logo
logo
logo

Екс-македонски репрезентативец потпиша за Умана Рејер

Vecer | 19.01.2022

Екс-македонски репрезентативец потпиша за Умана Рејер

Џордан Теодор, поранешниот македонски репрезентативец е нов член на Умана Рејер. Американецот со македонски пасош и официјално беше промовиран од страна на италијанскиот прволигаш како засилување кое ќе донесе добри резултати во дресот на тимот од Венеција.

Теодор во дресот на македонската репрезентација играше во 2017 година. Пред да дојде во италијанскиот состав, играше за Уникс, а потоа следеше пауза, па својата шанса ќе ја бара во дресот на Умана Рејер.

„Отсекогаш сум имал голема почит кон овој клуб против кој сум играл многу пати и кој го сметам за успешен и базиран на одлична организација. Во првите денови што ги поминав овде овие размислувања беа потврдени со факти, па затоа сум среќен што сум во Умана Рејер и што можам да се вратам да играм во Италија и во Еврокупот. Не го знам точниот датум кога ќе можам да излезам на теренот, но работам многу напорно со персоналот за да ја подобрам мојата кондиција: веројатно ќе биде прашање на неколку недели. Ќе дадам се од себе, бидејќи едвај чекам да се приклучам на тимот“, изјави Теодор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk