Поранешниот германски репрезентативец и поранешен играч на Реал Мадрид, Кристоф Мецелдер (39) е во големи проблеми.

Имено, тој беше обвинет минатата година за поседување и споделување детска порнографија!

Во неговиот мобилен телефон се пронајдени дури 297 порнографски фотографии на деца.

Ниту тоа не беше доволно за него, па тој ги дистрибуираше фотографиите понатаму, преку популарната апликација „WhatsApp“, а приматели беа три жени.

Мецелдер бил пријавен во полиција од неговата поранешна девојка, која и соопштила на полицијата дека и испратил и повеќе од 15 фотографии и видеа со болна содржина.

Мецелдер најпрво ја призна, а потоа ја негираше вината, пренесуваат медиумите во Германија.

Неговото судење е закажано за 29 април.