logo
logo
logo

ЕХФ забележа: Лазаров е една од четирите ТОП приказни!

Vecer | 15.03.2021

ЕХФ забележа: Лазаров е една од четирите ТОП приказни!

ЕХФ-неделата и официјално заврши. Дел од репрезентациите веќе може да сонуваат за ЕП 2022 година, дел ги чекаат последните две битки за да го обезбедат својот билет.

Македонската репрезентација е дел од оние кои гледаат кон нов пласман на континенталното натпреварување, треба само добро да се заврши задачата против Финска и Швајцарија за да остане на второто место во својата група.

Во изминатите денови видовме доста интересни мечеви, а ЕХФ ЕУРО издвои четири важни приказни кои заслужуваат да бидат издвоени.

Една од нив, секако е Кирил Лазаров. Дебито на клупата на Македонија како селектор со победа над актуелниот светски првак, Данска во Скопје.

„Кирил Лазаров за првпат го вкуси тренерското искуство, и истот беше навистина слатко. Како играч-тренер, легендарниот десен бек одлучи да мине повеќе време на теренот, па тој заедно со подмладената Македонија ја запишаа првата победа против актуелниот светски првак Данска ос 33-29.

Лазаров за вториот дуел се посвести само на тренерската задача, и може да се каже дека беше поинакво искуство. Гордоста на Данска беше повредена, па славеше со 37-21, оставајќи го Лазаров со многу теми на размислување пред последните две средби од квалификациите, Финска на гости на 28 парил и Швајцарија на домашен терен на 2. мај“, се вели во текстот на ЕХФ ЕУРО посветен на Лазаро.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk