logo
logo
logo

ЕХФ за Лазаров: Кралот седнува на жешкото столче

Vecer | 16.02.2021

ЕХФ за Лазаров: Кралот седнува на жешкото столче

Европската ракометна федерација ЕХФ го претстави Кире Лазаров на селекторското место на Македонија.

Со наслов „Кралот Кирил седнува на жешкото селекторско столче“, ЕХФ му даде на значење на најдобриот македонски ракометар на сите времиња.

„Лазаров е вклучен во сите успеси на клупски и репрезентативен план во последните две децении, освојувајќи две титули во ЛШ, освојувајќи домашни трофеи со Загреб, Веспрем, Сиудад Реал и Барселона. Најдобар стрелец во ЛШ, на европските и светските првенства. Ова за него ќе биде последна сезона активно играње. Фокусот како селектор ќе биде ставен на воигрување на следната генерација македонски ракометари и да ги направи промените со кои ракометот во Македонија ќе се врати на вистинските патеки.“, се вели во објавата на ЕХФ.

Текстот пропратен со изјава на Кире во која вели дека ќе видиме една селекција која игра модерен ракомет во две насоки.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk