ЕХФ се предомисли во последен момент. И покрај најавите дека мечот меѓу Веспрем и Нант ќе се одигра и истиот ќе го судат унгарски судии, сепак на официјалната страница стои дека истиот е откажан.

Двата тима нема да се пресметаат во нов термин, се чека одлука од страна на европската „куќа на ракометот“ околу бодовите, односно начинот на кој ќе биде решен овој натпревар. Олеснителна околност е што за двата тима победа или пораз немаше да промени ништо на табелата.

Веспрем има 19 бода, Кил со победа над ППД Загреб нема да го симне од второто место, додека Нант е шести и таму ќе останеше и во двете сценарија.

За потсетување причината поради која не почна средбата во Веспрем е коронавирус, еден од двајцата хрватски арбитри пред почетокот на мечот добил позитивен тест.

sportmedia.mk