Она што веќе вчера го најавивме денеска доби и официјална потврда. Македонската ракометна репрезентација од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за Европското првенство 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Нашите ракометари ќе ги избегнат репрезентациите на Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција, кои се најдоа во истиот шешир со Македонија. Она што е веројатно е дека Кирил Лазаров и соиграчите ќе се најдат во група која ќе се игра во Унгарија.

Од носителите на групите, Хрватска ќе игра во група А во Сегед,  Унгарија ќе игра во група Б во Будимпешта, Словенија ќе игра во група Ц во Дебрецен, Германија ќе игра во група Д во Братислава, Чешка ќе игра во група Е во Братислава и Словачка ќе игра во група Ф во Кошице.

1. ШЕШИР:  Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија
2. ШЕШИР:  Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија
3. ШЕШИР:  Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Македонија
4. ШЕШИР:  Ц. Гора, Холандија, Полска, БиХ, Украина и Литванија 

 

sportmedia.mk