logo
logo
logo

Едно е сигурно: Во следната сезона ќе имаме најмалку три Ел Класика!

Vecer | 23.05.2021

Едно е сигурно: Во следната сезона ќе имаме најмалку три Ел Класика!

Атлетико Мадрид е шампион во Ла Лига, Реал Мадрид е втор, а Барса трета. Ова значи дека двојките во Супер Купот на Шпанија се Барселона – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао.

Во Шпанија со новиот формат во Супер Купот, по кој се игра од 2019/2020 сезона, двојките се знаат однапред. Па така Барселона како победник во Купот на Кралот, игра со вториот од Ла Лига, тоа е Реал Мадрид, додека Атлетико Мадрид како првак се среќава со поразениот во Купот на Кралот, а тоа е Атлетик Билбао.

Се игра по еден меч и тоа во јануари. Ако дозволат условите овие мечеви, па и самото финале би можеле да се играат во Саудиска Арабија.

Од ова произлегува дека во следната сезона ќе имаме најмалку три Ел Класика, меѓу Барса и Реал. Овој дуел во Супер Купот и двете во Ла Лига. Од друга страна може да се случи да има повеќе дуели меѓу Барса и Реал, на пример може да се паднат во Лигата на Шампионите или во Купот на Кралот.

Најважно е што ќе има најмалку три натпревари, три Ел Класика, мечеви кои се најпосакувани во светот на клупскиот фудбал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk