logo
logo
logo

Едните по 26 години, a другите по 44 години се вратија во турската Супер лига

Vecer | 10.05.2021

Едните по 26 години, a другите по 44 години се вратија во турската Супер лига

Конечно, Адана Демирспор и Гиресунспор успеаа да го остварат долгогодишниот сон – да заиграат во турската Супер лига. Тоа им успеаа оваа сезона. Адама Демирспор се враќа во најсилната турска лига по пауза од 26 години, додека Гиренсур направија кам-бек во елитата по долги 44 години!

Тоа беше јасно по вчерашните натпревари од последното коло во турската втора лига. И двете екипи победија, па Адана патува во елитата како шампион, а Гиресун е второпласиран. И двете екипи имаат исто бодови (по 70). И третиот Сампсунспор има 70 бодово но послаба гол-разлика од првите два тима. Па така оваа екипа заедно со Истанбулспор, Алтај и Алтинорду ќе играат бараж за последното место во Супер лигата.

Последен пат фановите на јужниот претставник Адана гледаа елитен фудбал во сезоната 1994/95. Тогаш Адана го освои последото место и падна во второлигашки ранг.

Гирсун втор пат во историјата се пласира од Втората во Суперлигата. Во 1970/71 влегоа во елитата, а таму останаа шест години, па потоа испаднаа во 1977 година и од тогаш чекаат на кам-бек. Конечно, дочекаа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk