logo
logo
logo

Едиз Спахиу нов играч на Тиквеш

Vecer | 05.02.2021

Едиз Спахиу нов играч на Тиквеш

Младинецот на Шкендија, досегашниот член на Гостивар, и играчот со статус на Македонски младински репреентативец, Едиз Спахиу ќе го носи дресот на второлигашот Тиквеш од Кавадарци.

Играчо кој има статус на У19, што е многу важно за второлигашки македонски прилики му се приклучува на еден од главните кандидати за пласман во првата лига следната сезона, со што младиот офанзивец само си ја подобрува ситуацијата да има голема минутажа и да се избори за статус стандарден првотимец.

Тиквеш прави солидна реконструкција на ростерот оваа зима, донесе и нов тренер во името на Пане Блажевски и на пролет очигледно ќе изгледа доста поинаку отколку досега.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk