logo
logo
logo

Еден од најпознатите спортски кардиолози, Шарма прогнозира КРАЈ на кариерата на Ериксен: „Тој умре на натпреварот, на неколку минути, но умре“

Vecer | 13.06.2021

Еден од најпознатите спортски кардиолози, Шарма прогнозира КРАЈ на кариерата на Ериксен: „Тој умре на натпреварот, на неколку минути, но умре“

Санџај Шарма кој е еден од најпознатите спортски кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, упати загрижувачки вести за играчката кариера на Ериксен, односно прогнозира крај на истата.

Данецот кој вчера колабираше на натпреварот против Финска, за среќа се врати во живот иако, како што изјави и докторот на репрезентацијата на Данска, во одреден момент целосно го загубиле играчот.

Најважно е што Ериксен остана жив по страшниот настан од вчера, а она што сега може да му претставува товар е тоа што можеви повеќе нема да може да заигра фудбал, барем според зборовите на Шарма кој предава на универзитетот „Сент Џорџ“.

– Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање? Добра вест е што е жив, лоша вест е што се доближува кон крајот на кариерата. Дали ќе игра повторно професионално фудбал? Не можам да кажам, но со сигурност не би можел да игра во Англија. Ние сме многу строги околу тоа.

– Фактот што е стабилен и буден е одлична. Не знам дали некогаш повторно ќе заигра фудбал. Да не го кажувам ова премногу отворено, но тој умре на натпреварот. На неколку минути, но умре, па сега се прашувам дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не, -порача Шарма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk