Горан Пандев и се е можно. Македонецот кој вечерва во Серија А дојде до 100-тиот гол во својата кариера. Тој рекордерот од овие простори во една од најсилните лиги во Европа и светот.

Да, еден е ГРАНДЕ. Еден е ГОРАН ВЕЛИКИ. Легенда…наша, македонска гордост.

По тој повод драги читатели низ видеото можете да ги видите најубавите голови на Пандев од тие 100 во својата кариера во Серија А. Засекогаш ќе се паметат головите против Јуве како фудбалер на Лацио, оној епски слободен удар против Милан како член на Интер кога Мурињо “збесна“ од радост на клупата, и се разбира лобот како фудбалер на Џенова.

Гледајте и уживајте во мајсториите на Македонецот.

 

sportmedia.mk