logo
logo
logo

Е.Пелистер за подобра позиција, Металург за достојно европско збогум

Vecer | 02.03.2021

Е.Пелистер за подобра позиција, Металург за достојно европско збогум

Македонските претставници во Европската лига, Е.Пелистер и Металург денеска ги играат последните дуели од групната фаза. За разлика од битолскиот состав, тимот од Автокоманда ја завршува својата обврска во ова натпреварување.

Металург немаше среќа оваа сезона, се чини најмногу беше погоден од коронавирусот, повреди и промени во составот, па не успеа достојно да се претстави во европски рамки. Избраниците на Оливер Димитриоски вечерва (18:45 часот) на домашен терен го пречекуваат Адемар Леон, ова ќе биде шанса да достојно збогум. Против фаворизираниот противник Димитриоски треба на располагање да ги има Златко Хорват и Милан Лазаревски, па сликата на теренот треба да е далеку поинаква.

Е.Пелистер пак ќе го продолжи европскиот поход. Битолчани му гостуваат на кај Кадетен во Шафхаузен. По овој дуел ќе биде познат противникот во следната фаза. Победа или реми на гостувањето кај Кадетен во Шафхаузен ги носат во Битола екипите на Монпеље или ЦСКА Москва, пораз – Магдебург.

Голем проблем за тренерот на Жељко Бабиќ е отсуството на шестмина ракометари меѓу кои и новиот голман, Хендави, кој остана во Битола поради проблем со визата за Швајцарија. Поради повреда во тимот ги нема и Кукуловски, Кушан, Вегар, Маџовски и Кузманоски.

Мечот меѓу Кадетен и Е.Пелистер е закажан со почеток во 20:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk