logo
logo
logo

Е.Пелистер фуриозно низ Струга - Sportmedia.mk

Vecer | 23.04.2021

Е.Пелистер фуриозно низ Струга - Sportmedia.mk

Е.Пелистер без проблем дојде до бодовите на дуелот со Струга во рамките на осмото коло во плеј-офот. Избраниците на Жељко Бабиќ на гостински терен славеа со убедливи 16-30 (10-14) и остана зад Вардар 1961 со една победа помалку.

Оваа средба беше решена на средината на првото полувреме, битолчани со серија од 5-0 поведоа со 8-12, на полувремето ја имаа истата позитива од четири гола (10-14). Ритамот не го променија, предноста беше двоцифрена 15-25.

Радовиќ имаше шест гола, Мандалиниќ беше стрелец на еден помалку. На другата страна Ракочија постигна пет гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk