logo
logo
logo

Е.Пелистер без шестмина играчи, Бабиќ порача: Не смее да кукаме, и без нив можеме против ППД Загреб

Vecer | 06.02.2021

Е.Пелистер без шестмина играчи, Бабиќ порача: Не смее да кукаме, и без нив можеме против ППД Загреб

Е.Пелистер денеска (20 часот) му гостува на ППД Загреб во вториот меч сезонава во СЕХА-лигата. Битолскиот тим на оваа средба ќе биде без услугите на шестмина ракометари, кои поради повреди нема да можат да му бидат на располагање на тренерот Жељко Бабиќ.

Во составот ќе ги нема Маџовски, Танкоски, Велковски, Кушан и Вегар, кои се повредија за време на репрезентативните настапи, а на голот пак нема да дебитира, Карим Хендави, кој остана во Битола, не доби дозвола да отпатува со тимот.

И двата тима стартуваа со победа оваа сезона, но хрватскиот состав влегува како фаворит токму поради играчите проблеми на Е.Пелистер. Но, ако се прашува Бабиќ, неговите момци треба да одговорат позитивно, верува дека имаат квалитет да го добијат противникот.

„Имаме одредени проблеми и четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми. Се надевам дека барем еден ќе вратиме во тимот за натпреварите против Татабања, иако и тоа не е сигурно. Сепак, не е време да се жалиме и да кукаме, имаме други ракометари кои имаат свои вредноста, а и јас и клубот веруваме во нив. Дури и ќе се осудам да кажам дека изостанувањето на тие ракометари не би требало да се почувствува. Верувам дека со правилен пристап и мотивација и цврста одбрана ќе ни даде одредена динамика во самиот натпревар“, изјави Бабиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk