Вардар 1961 ја запиша осмата победа во низа во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја оправдаа улогата на фаворит против Е.Пелистер 2 во второто полувреме, нагазија колку што беше потребно за продолжување на доминацијата во домашниот шампионат. На крајот славеа со 26-33 (16-15).

Вториот битолски тим добро се држеше во првото полувреме, имаше позитива од еден гол (16-15). По одморот беше и плус два (18-16). Токму по овој резултат, Вардар 1961 ја „стегна“ одбраната, а во нападот беше доминантен, со серија од 8-0 поведе со 18-24, до крајот немаше никаков проблем.

Вардар 1961 останува на врвот на табелата со осум победи во исто толку одиграни натпревари. Дибиров со осум гола беше прв стрелец, еден помалку имаше Георгиевски, додека пак Столе беше стрелец на шест гола. На другата страна Петровиќ имаше шест гола.

sportmedia.mk