logo
logo
logo

Ѕвездите на Анчелоти клекнаа пред Фулам на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)

Vecer | 14.02.2021

Ѕвездите на Анчелоти клекнаа пред Фулам на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)

Со двата гола на Нигериецот Џош Маџа, екипата на Фулам направи големо изненадување победувајќи го Евертон со 2:0 на гостински терен во последниот вечерен меч од 24. коло во англиската Премиер лига. Гостите ги искористија своите минути на „Гудисон Парк“ против збунетиот Евертон кој, патем, вечерва комплетно потфрли и на крајот однесоа голема и важна победа во трката за опстанок во англиската елита.

Момците на Карло Анчелоти иако беа супер-фаворити пред мечот, тоа не успеаја да го потврдат со играта вечерва. Овој седми сезонски пораз го држи Евертон и натаму далеку од водечката четворка на табелата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk