logo
logo
logo

Ѕверски партии на Јокиќ и Дончиќ, Батлер го урна рекордот на Леброн (ВИДЕО)

Vecer | 24.01.2022

Ѕверски партии на Јокиќ и Дончиќ, Батлер го урна рекордот на Леброн (ВИДЕО)

Денвер пред своите навивачи го совлада Детроит со 117-111 и го запиша 24. триумф оваа сезона во НБА-лигата со што го задржа шестото место на табелата во Западната конференција.

Во центарот на вниманието одново беше Никола Јокиќ, зад своето име запиша 34 поени, девет скока и осум асистенции. Српскиот центар до овој учинок дојде за 36. минути во игра, но неговиот процент за шут не беше најдобар, имаше 12/19, има и пет промашени обиди за три поени.

Но, сето ова е во сенка на неговата нова феноменална партија. Зад Јокиќ беше Бартон со 14 поени, Гордон имаше 13 поени.

Одлична партија синоќа пружи и Лука Дончиќ. Словенецот го предводеше Далас до победа над Мемфис од 104-91. Маверикс дојдоа до 27. триумф оваа сезона со кој се наоѓаат на петото место на табелата во Западот со скор од уште 20 порази.

Дончиќ запиша дабл-дабл од 37 поени, 11 скока, а му фалеше само една асистенција за трипл-дабл, имаше девет успешни додавања. На другата страна Морант имаше 35 поени и 13 скока, недоволно за триумф.

На останатите средби, Лејкерс и покрај добрата партија на Леброн Џејмс и неговите 33 поени и 11 скока беше совладан од Мајами на гости со 113-107. Во центарот на вниманието се најде Џими Батлер, кој го урна рекордот на Леброн во дресот на „жешките“ по бројот на трипл-дабли.

Батлер мечот го заврши со 20 поени, 10 скока и 12 асистенции. За него ова беше дестти трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната, има еден повеќе од Џејмс, кој играше четири сезони во Мајами.

РЕЗУЛТАТИ НБА

Мајами – Л.А. Лејкерс 113:107
Орландо – Чикаго 114:95
Торонто – Портланд 105: 114
Шарлот – Атланта 91: 113
Сан Антонио – Филаделфија 109:115
Далас – Мемфис 104:91
Денвер – Детроит 117: 111
Минесота – Бруклин 136:125
Голден Стејт – Јута 94:92


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk