logo
logo
logo

Две веројатни причини за разделбата на Милан и Малдини

Vecer | 06.06.2023

Две веројатни причини за разделбата на Милан и Малдини

Милан официјално го отпушти техничкиот директор Паоло Малдини и неговата десна рака, спортскиот директор Фредерик Масара. Нивното разрешување е топ тема во Италија денеска, а се бараат причините за оваа одлука на сопственикот на Милан. Според различни извори основни мотиви за изборот на клупскиот сопственик Гери Кардинале се два.

Првиот е поврзан со тренерот Стефано Пиоли. Иако е сосема извесно дека специјалистот кој го предводеше Милан до Скудетото пред една година ќе продолжи да го води тимот, двете страни имаа несогласувања како да продолжат со тренерот во иднина. Кардинале беше категоричен дека Пиоли треба да го исполни договорот до летото 2025 година, додека Малдини и Масара го бранеа ставот дека е императив да се направи биланс на работата од минатата сезона.

Втората и веројатно поголема причина е поврзана со трансферната стратегија на клубот. Двајцата директори побараа поголемо вложување во нови играчи, и тоа поискусни како Марко Арнаутовиќ и Доменико Берарди. Кардинале сепак претпочитувал да се потпре главно на млади играчи и поконкретно на слободни играчи како Маркус Турам, Рис Нелсон и Еван Н’Дика. Сепак, преговорите за трансферите на Даичи Камада и Рубен Лофтус-Чик не се загрозени со оглед на ослободувањето на Малдини и Масара.

Покрај тоа, американскиот газда го обвини менаџерскиот тандем за разочарувачките засилувања минатото лето и особено за потписот на Шарл Де Кетелар и Дивок Ориги.
Се очекува Милан да му даде поголема моќ на шефот на скаут службата Џофри Монкада и директорот Џорџо Фурлани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk