Комедии во Кипар

Две репрезентации пееја иста химна (Видео)

Репрезентациите на Кипар и Грција синоќа одиграа квалификациски меч во рамките на 9. коло од групната фаза за пласман на Мундијалот во Русија

Кипар на домашен терен ја пречека селекцијата на Грција, која на крајот ја однесе победата (1:2). Ова беше четврта квалификациска победа за нашиот сосед, кој сега е второпласиран со 16 бодови и најверојатно ќе се бори за бараж за Мундијалот, додека Кипар е без никакви шанси и претпоследен со 10 бодови.

Но, она што е интересно е дека ова се две репрезентации, и сите играчи застанаа под иста химна пред почетокот на мечот. Знаеме добро дека има ривалство и омраза меѓу Кипраните и Грците, бидејки дел од Кипар е и турски, но синоќа химната беше приоритет на двете селекции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари