logo
logo
logo

Дупјачанец: Како да сме проколнати, еден играч добиваме, а друг губиме

Vecer | 16.02.2021

Дупјачанец: Како да сме проколнати, еден играч добиваме, а друг губиме

Од Плоцк, Марија Ковачева

Металург денеска (18:45 часот) го игра вториот меч против Висла Плоцк во рамките на Европската лига. Македонскиот претставник во Полска дојде со помладен состав поради порблем со повреди и позитивни случаи на Ковид-19.

Капитенот на Металург, Даниел Дупјачанец признава дека е тешко да се функционира на овој начин, без доволно играчи во ротација, но нема предавање.

„Се наоѓаме во незавидна ситуација, се наоѓавме и пред тоа. Дури се чини некако како да сме проколнати, еден играч добиваме, а друг губиме. После дуелот со Чеховски, го загубивме Хорват поради позитен ковид-тест, кога мислевме дека малку ќе дигнеме глава со доаѓањето на Василие Калуѓеровиќ, за жал го загубивме Велко Марковски. И сами видовте како се одвиваше претходниот натпревар, немавме ротација и со тоа немаме ни свежина, а сепак играме против еден сериозен противник. Тоа немање на свежина ја прави дополнително потешка ситуацијата. Но, што е тука е! Тука сме да одиграме“, вели Даниел Дупјачанец.

Искусниот голман потенцира дека младите играчи треба максимално да ги искористат овие средби за добивање на искуство кое во иднина и тоа како ќе биде драгоцено.

„Се надевам на подобро издание на денешниот натпревар. Некои помлади играчи добија шанса на претходните два натпревари во Европската лига и мислам дека од натпревар во натпревар ќе бидат подобри. Искуството што го стекнуваат на овие натпревари ќе биде дополнителен мотив уште подобро да се претстават на утрешниот натпревар. Треба да ги искористиме овие натпревари за добивање на нови играчи, да добијат поголема минутажа и драгоцено искуство. Добро е што играме без разлика колку е сложена целата ситуација. Можевме да си направиме дополнителни компликации со евентуално откажување на овие натпревари со Висла Плоцк, да загубиме службено или да си направиме уште погуст распоред во, за нас побитниот период, кога почнува нашето првенство. А, на овој начин сметам дека ги добиваме овие играчи за во иднина. Секоја чест на борбеноста што ја прикажуваат и мислам дека имаме добри услови утре да се прикажеме во подобро светло отколку на претходниот натпревар“.

Металург по пет одиграни меча во Европската лига има едно реми и четири порази.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk