logo
logo
logo

Драмата во Куманово за Еуроникел

Vecer | 06.03.2021

Драмата во Куманово за Еуроникел

Куманово и Еуроникел одиграа неизвесен натпревар, победникот се решаваше во самиот финиш, а бодовите отидоа на сметка на кавадарчани кои славеа со 78-79 благодарение на одличната игра во последната четвртина. Кавадарчани дојдоа до осмата победа оваа сезона со која го прескокнаа ТФТ на четвртото место на табелата по некомплетното 16. коло во Првата лига.

Првите две четвртини беа релативно изедначни, кумановци на полувремето имаа предност од 43-39. По одличната игра во третиот период во кој домашниот состав имаше и двоцифрени 65-54 и 69-59 во 31. минута, избраниците на Горан Самарџиев се вратија на неверојатен начин. Со серија од 5-19, кавадарчани поведоа со 76-78.

На 30 секунди до крајот Ливингстон промаши тројка, но Јане Петровски заработи техничка грешка. Дуелот влезе во изведување на слободни фрлања.

Маркоски не реализираше, додека на другата страна на шест и пол секунди до крајот, Петровски погоди еден пенал од двата – за 76-79. Робев погоди од истата позиција за 78-79, по што Петровски намерно промаши од истата позиција за победа на својот тим.

Во самиот финиш дојде до мал инцидент од страна на непознато лице, но на голема среќа мечот се доигра.

Рикиќ со 25 поени и 7 скока беше прв стрелец, Соколов беше реализатор на 16 поени, кај домаќинот Ливингстон имаше 18 поени, Робев еден помалку.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk