logo
logo
logo

Драма во Реџо Емилија: Наполи доби пенал за победа, но и направи пенал и остана само со бод (ВИДЕО)

Vecer | 03.03.2021

Драма во Реџо Емилија: Наполи доби пенал за победа, но и направи пенал и остана само со бод (ВИДЕО)

Во меч со многу пресврти и вистинска драма во финишот на мечот, фудбалерите на Сасуоло и Наполи на крајот одиграа без победник со конечни 3:3.

Сасуоло двапати водеше на вечерашниот меч на домашен терен, а на крајот спасуваше бод во 94. минута. Најпрво во 34. минута, Максимовиќ ја погоди мрежата од својот гол и им обезбеди на „зелено-црните“ предност од 1:0.

Момците на Гатузо брзо се соземаа и само 4 минути подоцна, Зиелински погоди за израмнување на 1:1, но Сасуоло во самата завршница на првиот дел успеа да погоди од пенал преку Берарди и да замине на одмор со предност од 2:1.

Во 67. минута нашиот Елмас влезе од клупата, а само пет минути подоцна Наполи успеа да израмни. Овој пат Ди Лоренцо беше стрелец по асистенција на Инсиње.

На минута пред истекот на регуларните 90 минути, Хараслин грубо стартуваше во сопствениот шеснаесетник, по што Наполи доби пенал. Инсиње ја презема улогата на егзекутор и погоди за 3:2. Чекајќи крај, гостите во 94. минута направија пенал за домашните. Манолас влечеше за дрес, судијата покажа на белата точка, а Капуто реализираше за конечни 3:3.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk