logo
logo
logo

ДРАМА ВО ПАРИЗ: Крадци му ја држеле фамилијата во заложништво додека тој играше натпревар

Vecer | 15.03.2021

ДРАМА ВО ПАРИЗ: Крадци му ја држеле фамилијата во заложништво додека тој играше натпревар

Двајца фудбалери на Пари Сен Жермен биле жртви на крадци за време на натпреварот против Нант во француското првенство. Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија кој пред некој ден го продолжи договорот со ПСЖ играше на мечот со Нант. Во меѓувреме крадци му упаднале во домот и ја држеле неговата фамилија како заложници. Информацијата стигнала до спортскиот директор Леонардо кој се спуштил на теренот и му ја кажал ситуацијата на тренерот Маурицио Покетино.

Аргентинскиот стручњак во 62. минута го извади Ди Марија од игра му ја кажува информација и го испраќа во соблекувалната. Француските медиуми откриваат дека сопртугата на фудбалерот Хорхелина и двете деца биле дома кога крадците влегле во куќата. „Марка“ информира дека тие не биле повредени иако имало закани и заплашување.

Во исто време и родителите на бразилскиот бек на ПСЖ Маркињос биле жртви на грабеж во Париз. И тие поминале неповредени.

Инаку ова се уште два случаи на упад на крадци во домовите на фудбалери на ПСЖ. Во февруари жртва беше Мауро Икарди, претходно и Тијаго Силва, Дани Албес и Ерик Максим Чупо-Мотинг кој веќе не играат за париската екипа.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk