logo
logo
logo

ДРАМА: Пеле итно примен во болница

Vecer | 08.12.2021

ДРАМА: Пеле итно примен во болница

Светот загрижен за здравјето на еден од најголемите фудбалери...

Познатиот бразилски фудбалер Пеле (81) итно бил примен во болница поради проблеми со тумор на дебелото црево. Веста е потврдена од болницата во Сан Паоло „Алберт Ајншајн“.

Како што навел потпаролот на болницата, Пеле се наоѓал во стабилна состојба и би требало за неколку дена да биде пуштен на домашно лекување, но секеко ситуацијата е сериозно загрижувачка, бидејќи Пеле неодамна исто така беше во болница каде што подолго престојуваше.

Во средина на октомври Пеле веќе имаше операција на тумор на дебелото црево, а после тоа подлежеше на хемотерапија.

Тогаш во болница беше задржан скоро еден месец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk