logo
logo
logo

Драма на СП во Оберсдорф: Клаебо победи но го дисквалификуваа попрегледување на снимката (видео)

Vecer | 07.03.2021

Драма на СП во Оберсдорф: Клаебо победи но го дисквалификуваа попрегледување на снимката (видео)

Јоханес Клаебо успеа да победи на 50 километри крос кантри класичен стил на Светското првенство во нордиски дисциплини што се одржува во Оберсдорф.  Норвежанецот заврши прв со време 2:10:52, а втор беше сонародникот Емил Инверсен со 7 стотинки послабо време. Трет заврши Русинот Александар Болшунов.

Меѓутоа веднаш по трката руската делегација поднесе жалба поради тоа што Клаебо направил прекршок. Судиската комисија пол час ја прегледуваше снимката, дискутираше и на крај донесе одлука. Клаебо е суспендиран, па златото отиде во рацете на Инверсен, втор беше Болшунов, а трет Симон Кругер од Норвешка.
Што се случи. Во финишот на трката кога Клаебо и Болшунов се најдоа еден до друг и се обидуваа да фатат што подобар залет. Но Норвежанецот невнимателно со скијата два пати го удри Болшунов кој изгуби рамнотежа, а со тоа и полетност, а и време. Русинот пристигна на целта како третопласиран со солзи во очите. Но неговиот тим го забележа прекршокот и интервенира кај судиите по што им беше уважена жалбата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk