logo
logo
logo

Драгољуб Јовановски – ЖФК Љуботен: Да се удира така врз девојчиња, СРАМОТА!

Vecer | 08.05.2021

Драгољуб Јовановски – ЖФК Љуботен: Да се удира така врз девојчиња, СРАМОТА!

По се она што се случило во Велес, каде според ЖФК Љуботен биле нападнати по мечот со Борец во меч од Првата лига – жени, свој коментар за СПОРТМЕДИА има претседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски кој вечерва во полициска станица даваше исказ за тоа како тој го видел настанот попладнево.

“Срамота, навистина срамота да се удира такав врз девојчиња. Да се случи ваков инцидент во женски фудбал, навистина сум без зборови. Всушност имаше два инциденти. Првиот се случи на скалите кога се оди кон соблекувалната, каде женска личност удирала неколку наши фудбалерки, потоа дознав дека таа била од клубот. Се слушнаа пискотници, потоа се случи и втор инцидент пред соблекувалната каде една наша фудбалерка беше удрена со шише, а јас бев удрен со шлаканица од страна на лице блиско до претседателот на ЖФК Борец. Немам што повеќе да коментирам, никогаш не помислував дека вакво нешто може да се случува. Добра вест е што сите девојчиња се добри, само малку исплашени и истрауматизирани“, ни изјави Јовановски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk