logo
logo
logo

ДОСЕГА НЕВИДЕНО: Легендарниот Фарина со долга коса

Vecer | 26.06.2022

ДОСЕГА НЕВИДЕНО: Легендарниот Фарина со долга коса

Еден од најпопуларните фудбалски судии Пејерлујџи Колина бил препознатлив по својот афтoритет, одлично чуство за игра и судење без грешака. Исто така, многумина истакнуваат дека тој е единствениот судија на кој не му била потребна VAR технологија. Колина останал препознатлив и по својата избричена глава.

Иако во тинејџерските години играл фудбал и тоa на позиција штопер, само со 17 години почнал да оди на курсеви за правила на фудбалски игри бидејќи одлучилда да стане судија.

Додека студирал економија и дипломирал на 24 години, паралелно почнал да суди аматерски рангови. Токму тогаш почнал да боледува од тршка болест. Во период од две недели ја изгубил брадата, косата, трепките, мустаките па дури и влакната по рацете и телото.

Овие денови се појавила фотографија како Колин изгледал со долга црна коса. Таа била објавена во емисијата “Господари на фудбалот“ на италијанскиот Sky Sporta.

Колина судел најважни мечеви во Серија А, како и познатото финале на Лига на шампиони 1999 година меѓу Баерн и Манчестер Јунајтед како и финале на Светско првенство 2002 година.

Во својата кариера шест пати бил избран за најдобар судија во свет, а “свирчето го закачил на клинец“ кога наполнил 45 години, сега е претседател во комитетот ФИФА за судии и судење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk