Борусија Дортмунд бара голман за следната сезона, откако е јасно дека за Роман Бурки нема иднина во таборот на „милионерите“. Се споменуваа имиња како Бартломеј Драговски од Фиорентина, па во игра беше и Дин Хендерсон од Манчестер Јунајтед, но потрага и натаму продолжува.

Сега најнов пик на управата на Дортмунд е Александер Нибел од Баерн Минхен. Откако дојде од Шалке, Нибел е речиси без настапи, па затоа Борусија сака да го искористи овој момент и да дојде до неговите услуги.

Сепак, навивачите на „милионерите“ не се сложуваат со овој потег и велат дека тој не би донел квалитет на голманската позиција.

За Нибел има интерес и од Монако и Олимпик Марсеј.

sportmedia.mk