Борусија Дортмунд без проблеми го совлада второлигашот Кил во полуфиналето на Купот на Германија. „Милионерите“ на свој терен славеа со 5:0 и се пласираа во финалето на германскиот куп каде што ќе играат против РБ Лајпциг кој вчера го победи Вердер со 2:1.
Четата предводена од Терзиќ поведе со 5:0 уште на полувреме. Џовани Рејна ги постигна првите два гола, потоа погодија уште Ројс, Азар и Белингам.
Финалето ќе се игра на 13 мај на Олимпискиот стадион во Берлин.

 

sportmedia.mk