logo
logo
logo

Донесе шампионска титула во Лил и шокантно најави заминување

Vecer | 25.05.2021

Донесе шампионска титула во Лил и шокантно најави заминување

Тренерот на новите шампиони на Франција, екипата на Лил, Кристоф Галтие, денеска изјави дека ќе го напушти клубот.

„Моето интимно верување е дека јас го направив тука своето“, изјави Галтие за „Л’Екип“.

Тој е на клупата на Лил од декември 2017 година. Галтие беше прогласен за најдобар тренер во сезоната, но рече дека не сака да „влегува во рутина“ и посочи дека истата одлука би ја донел без разлика на моменталната финансиска состојба на клубот.

„Квалитетот на составот за следната сезона или економската состојба во клубот не се поврзани со моето заминување. Тие се поврзани со мене. По четири години, чувствувам дека е време да го напуштам клубот”, рече Галтие.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk