logo
logo
logo

Донарума ги „замрзна“ преговорите со Милан и Јуве, чека да види кој ќе игра во ЛШ следната сезона

Vecer | 28.04.2021

Донарума ги „замрзна“ преговорите со Милан и Јуве, чека да види кој ќе игра во ЛШ следната сезона

Џанлуиџи Донарума сака да игра во Лигата на шампионите следната сезона и затоа реши во моментов да ги стави во мирување преговорите со Милан и Јувентус околу неговата иднина.

И „росонерите“ и „бјанконерите“ оваа сезона може да останат без пласман во ЛШ, откако останаа израмнети на 4. место на табелата, а допрва ги чека нивниот меѓусебен дуел во Торино на 9 мај.

Во меѓувреме, Донарума сè уште нема потпишано продолжување на договорот со Милан, а неговата иднина во клубот останува отворена. „Скај Спорт Италија“ потврди дека „росонерите“ нема да ја зголемат својата најнова понуда за продолжување на договорот во вредност од 7 милиони евра годишно, плус 1 милион евра бонуси. Тие се отворени дури и да му понудат двегодишен договор на Донарума, но неговиот агент Мино Раиола ги стави во мирување разговорите за договорот.

Јувентус наводно е заинтересиран за потпишување на 22-годишниот фудбалер, но исто така нема гаранција дека ќе ја игра Лигата на шампионите следната сезона. Затоа и овие преговори се стопирани. Најверојатно, Донарума ќе донесе конечна одлука за својата иднина на крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk