logo
logo
logo

Долгот на Шалке достигна 217 милиони евра!

Vecer | 06.04.2021

Долгот на Шалке достигна 217 милиони евра!

Германскиот Шалке 04 се наоѓа во најголемата криза во поновата историја. Клубот не само што ита кон Втората лига, туку прикажува и негативен финансиски биланс. Клубот соопшти дека финансискиот минус за календарската 2020 година е 53 милиони евра што е околу два пати повеќе во споредба со една година порано, кога финансиските загуби изнесувале 27 милиони евра.

Причината за дефицитот, меѓу другото, е значително помали приходи од гледачи, сезонски билети, кетеринг и продажба на сувенири и други реквизити. Приходите од спонзорства исто така паднале нагло.

Вкупниот долг на Шалке заклучно со 2020 година изнесува 217 милиони евра. Тоа се ненормални бројки кои ако не се намалат на клубот му се заканува и банкрот. Поради тоа стопирани се некои проекти како изградба на центар за таленти, потоа канцеларии и други градежни работи поради сериозната финанска криза.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk