Мојс се уште жали за Манчестер (Ј)

Доколку ги имав Бејл и Фабрегас се ќе беше поинаку

Бевме во игра за Герет Бејл и Цеск Фабрегас, и доколку ги ангажиравме, ќе беше перфектно за нас. Прифаќам дека кога сте тренер на Јунајтед, мора да победувате. Но сигурен сум дека не постои тренер на светот кој би можел со тој состав тогаш побрзо и поефикасно да ги исправи работите по Сер Алекс, смета Дејвид Мојс.

Шкотскиот тренер, Дејвид Мојс, се уште жали за она што му се случи во најтрофејниот клуб во Англија, кога го презеде по заминувањето на големиот Сер Алекс Фергусон.

Мојс се согласи да го превземе Јунајтед, но сигурно дека беше свесен за потешкотиите кои ќе ги има, посебно ако се види дека и Дејвид Гил, тогашната ударна тупаница во бордот на Јунајтед замина од функцијата.

Но, шкотскиот стратег не гледаше причина зошто да не го превземе тогаш како што рече најголемиот клуб во Британија.

Кога пристигнав во Јунајтед, се менуваше гардата, не само што го заменив Сер Алекс, туку и Дејвид Гил го напушти клубот како извршен директор. Знаев дека е потребно време за да успеат работите. Ги превземав шампионите, но клубови како Челси и Сити тоа лето потрошија многу милиони и квалитетно се засилија. Тоа беше тежок период кога го преземав Јунајтед, знаев дека ќе биде тешко на „Олд Трафорд". Но работите ќе беа поразлични сигурен сум, доколку ги остваревме нашите главни трансфер мети. Бевме во игра за Герет Бејл и Цеск Фабрегас, и доколку ги ангажиравме, ќе беше перфектно за нас. Прифаќам дека кога сте тренер на Јунајтед, мора да победувате. Но сигурен сум дека не постои тренер на светот кој би можел со тој состав тогаш побрзо и поефикасно да ги исправи работите по Сер Алекс, смета Дејвид Мојс.

Таа сезона за Јунајтед беше кошмарна, завршија на 7. позиција на табелата во Премиерлигата, имаа низа на порази на домашен терен, и се беше распарчено, за по само 10 месеци ангажман, Мојс да добие отказ, а два месеци подоцна Јунајтед нов тренер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари