logo
logo
logo

Додека се борат со финансиската криза: Интер одбил 6 понуди за свои првотимци

Vecer | 28.03.2021

Додека се борат со финансиската криза: Интер одбил 6 понуди за свои првотимци

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека Интер се обидува да го сочува тимот и за следната сезона, откако големите европски гиганти ја почувствуваа финансиската криза кај „нероаѕурите“ по што почнаа да се распрашуваат за дел од првотимците на Конте. Весникот пушива дека Интер одбил да продаде дури шест играчи, одбивајќи ги понудите на Барселона, Тотенхем и Манчестер Сити.

Сопствениците на клубот Сунинг бараат нови партнери за финансиска поддршка на Интер. Семејството Жанг би можело да одлучи да продаде мнозински или малцински удел во клубот, а понудата од „Фортрес“ од 250 милиони евра е најновиот предлог што тие веќе го разгледуваат.

Тоа ќе им овозможи да го задржат мнозинскиот удел во клубот, но сè уште не е постигнат договор. Според „Тутоспорт“, неколку врвни клубови од Европа се обидуваат да го искушат Интер со големи понуди за своите ѕвезди. Торинскиот весник објави дека Интер ги одбил понудите на Барселона за Лаутаро Мартинез, Николо Барела и Ромелу Лукаку. Тотенхем, пак, имал понуда за Шкрињар, додека од ПСЖ стигнала понуда за Марсело Брозовиќ. Манчестер Сити се обидел да го ангажира Алесандро Бастони, но и овој предлог Интер го одбил веднаш.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk