logo
logo
logo

Добра вест: Со Стојковска против Романија

Vecer | 15.04.2021

Добра вест: Со Стојковска против Романија

Женската ракометна репрезентација уште денеска е во Скопје. Селекторот Симе Симовски и неговите избранички утре со чартер-лет заминуваат за Букурешт каде во сабота го играат првиот дуел со Романија за место на Светското првенство.

Од таборот на „црвено-жолтите“ доаѓаат убави вести. Симона Стојковска која беше најавена дека ќе отсуствува поради приватни причини, сепак пристигна во Скопје и ќе му биде на располагање на Симевски за двомечот со Романија.

Ракометарката на Цвикау има одлична сезона во дресот на германскиот второлигаш, таа беше една од подобрите на квалификацискиот турнир во Скопје.

Првиот дуел се игра на 17. овој месец, додека реваншот со Романија нашите девојки го играат четири дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk