КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО КОШАРКА (МАЖИ И ЖЕНИ)

Добра кошарка за малку сеирџии


Куп натпреварите на Македонија во кошарка за преодниот пехар на "Вечер" даваат и земаат многу. Место за поправен нема, улогата на фаворит не значи ништо. Тоа најдобро го почувствува актуелниот освојувач на Купот, Ф.Работнички, кој сакаше да експериментира. И се лизна. Дојде на завршниот турнир во Битола, го победи С. Пелистер, веднаш се врати во Скопје играчите да преноќат.

Продолжија за Прилеп, сместени во новата база на хотелот "Сонце" мислејќи дека ќе се стоплат пред новите успеси. Но, повторното враќање во салата "Младост" за "шпедитерите" значеше минување на црвено светло и збогување од Купот.

- Се чувствува заситеност од нашиот клуб (?!) имаше чудни одлуки на судиите, го правдаше поразот од Вардар О. тренерот на Работнички, Јорданчо Давитков.

Луѓето од Градот на конзулите сакаат да гледаат кошарка, но само кога играат битолчани, нивниот С. Пелистер. Откако загуби останаа дома, мал број сеирџии се појавија во салата "Младост" кој да гледа кошарка, кој да ужива во настапите на седумчлената танчарска група М-Чирлидерс од Белград. Наша работа. Ништо од дружењето, празник на кошарката. А имаше што да се види, независно од вкусовите, кошаркарски.

Резултати (мажи) - четвртфинале: Струмица 2005 - Амак СП 83:79, Карпош Соколи 2000 - МЗТ Скопје 2000 77:74; полуфинале: Вардар О. - Ф.Работнички 81:71, Струмица 2005 - Карпош Соколи 2000 86:56.
Жени (полуфинале): Вигор Скопје - Билјана 006 81:51, Водњански Лисици - Изградба Комерц Младинец 73:63.

Славчо ТРОШАНОВСКИ
фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ

Поврзани

Најнови вести

Коментари