Шаќири на мегдан со Ѕвезда: Доаѓам во Белград, не се плашам од никого

“И не треба да се плашиш... доаѓаш во цивилизирана земја и средина, не во диво племе и дивјци...“

Фудбалерот на Ливерпул Ѓердан Шаќири порачал дека е подготвен за доаѓање во Белград, со играчите да ја одмери силата со Црвена ѕвезда во Лига на шампиони.

Како што пренесува швајцарски Блиц, споменатиот реперзентативец на таа земја нагласува дека не чуствува страв од доаѓење во главниот град на Србија, кој после СП во знак на двоглав орел кој го користат заговорниците на таа идеа за т.н.Голема Албанија го славеше голот даден во 90 минута.

"Британскиот лист Ливерпул вели дека Ѓердан ќе претрпи неверојатен психички притисок, цитирајќи го директорот на Црвена ѕвезда Терзич кој рекол дека Ѕвезда е симбол на Србија, и се сомнева дека Шашири ќе дојде, и ако дојде ќе биде помал од маково зрно. Меѓутоа нашиот епрезентативен напаѓач, уверува дека со Ливерпул ќе гостува во Белград", пренесува Блиц, цитирајќи го играчот:

"Не се плашам од тоа гостување. Прчитав се што е напишано, но јас таму одам да играм фудбал. Не се плашам од никого", порачал Шаќири.

Дека навивачите на Србија не лесно забораваат а уште помалку простуваат не спортско однесување имаа што да му порачат на "flying" Шаќири, преку социјалните мрежи...

"И не треба да се плашиш... доаѓаш во цивилизирана земја и средина, не во диво племе и дивјци..."

"Подобро е само да играш, а не да леташ со пердувите, од кои може да ти остане само едно перце и тоа да ти заврши на глава, како симбол на ..."?!

Поврзани

Најнови вести

Коментари