Вечерва и сите великани од историјата, кои имаат споменици во Загреб, ќе навиваат за Динамо, секако и за македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Да потсетиме дека вечерва на “Максимир“ се игра реванш мечот од 1/16 финалето во Лигата на Европа меѓу Динамо и Краснодар. Тимот на Адеми и Ристовски во вториот меч на свој терен “влегува“ со предност од 3:2.

Во чест на вечерашниот дуел, Динамо како клуб им стави модри шалови со клупското лого на сите споменци во Загреб.

Накитени се вкупно 22 споменици.

Со оглед на важноста на овој натпревар и великаните на Загреб ќе навиваат за Динамо“ велат од таборот на “модрите“.

sportmedia.mk