logo
logo
logo

Динамо го продаде резервистот за шест милиони евра во Германија

Vecer | 26.06.2022

Динамо го продаде резервистот за шест милиони евра во Германија

Така тоа се прави во фудбалскиот свет, поточно во фудбалската фабрика наречена Динамо Загреб.

Клубот каде што со успех настапуваат нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски е познат по пребогатите „дилови“ со европските великани и милионите кои ги заработува од продажба на своите талентирани фудбалери,а денеска имаме пример за уште една таква „зделка“. Хрватските медиуми јавуваат дека досегашниот член на Динамо, и капитен на У21 репрезентација на Хрватска, Бартол Фрањиќ ќе стане нов член на тимот на Волфсбург во трансфер вреден шест милиони евра. Динамо барал два повеќе, но ја намалил сумата, за да не му прави проблеми при развојот на овој екстра талентиран играч за врска. Она што е уште поважно е што Фрањиќ и немаше преголема минутажа изминатата сезона каде што едноставно „луташе“ со позициите, од стоперската преку бековската, па се до онаа последен играч за врска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk