Од премногу обврски не можат да се видат

Димитров и Никол се сексаат преку жица

Екстрмно набилданиот календар на првиот тениски рекет на Бугарија, Григор Димитров и неговата поубава половина, поп - пејачката Никол Шерцингер, може лошо да влијае на нивната љубов.

Двојката е заедно веќе две години, но нивните распореди се преполни и тие својата љубов моментно ја одржуваат преку телефон, пишува англискиот таблоид "Сан".

Во текот на изминатите неколку месеци, Шерцингер патуваше низ целиот свет поради работни обврски, а сега е целосно посветена на улогата на судијка во британското издание на Х – Фактор. Во последната епизода на шоуто, таа на своите колеги Сајмон Ковел, Луј Волш и Шерон Озборн им откри дека ќе си бара сопруг.

-Никол ги дави сите во шоуто за својот љубовен живот, а тренинзите на Григор немаат крај. Тие се посветени еден на друг, но во исто врем и се разочарани дека својата љубовна врска ја одржуваат преку телефон, вели близок пријатеп на пејачката за "Сан".

Поврзани

Најнови вести

Коментари