По денешниот нов убедлив пораз во ЕХФ Европската лига на средбата со екипата на Висла Плоцк, тренерот на екипата на Металург, Оливер Димитриоски, ги истакна проблемите со кои Металург се соочуваше во пресрет на мечот.

„Не знам што да кажам. Видовте, имав само 11 ракометари, се повреди уште еден ракометар на сред натпревар. Ова се многу млади ракометари, се обидовме да играме нормално, но навистина беше тешко. Можам само да им честитам на ракометарите на Висла“, беше кус тренерот на „металурзите“.

На прес-конференцијата по мечот се појави и младиот Андреј Митиќ.

„Честитки за Висла Плок. Ние сме млад тим, поради ковид имавме проблеми, но мислам дека следниот натпревар ќе биде подобар од овој“, вели Митиќ.

sportmedia.mk