logo
logo
logo

Димитријевиќ и Хувентут во финишот испуштија победа над Реал

Vecer | 18.04.2021

Димитријевиќ и Хувентут во финишот испуштија победа над Реал

Хувентуд на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше убава шанса да го совлада Реал Мадрид на гости затоа што имаше водство три четвртини, но попушти во последната и го загуби дуелот. Реал славеше со 101:92.

Хувентут имаше одлична прва четвртина кога ја доби со 18:24, „Кралевите“ се приближуваа но гостите упорно го чуваа водството се до последната четвртина. А таму доминација на „Кралевите“ 36:20 со што направија комплетен пресврт и дојдоа до победата.

Димитријевиќ за неполни 25 минути игра реализираше 13 поени. Најефикасен на мечот беше неговиот соиграч Рибас со 20 поени.

Кај Реал се истакна Серхио Љуљ со 15 поени.

Реал е прв на табелата во шпанската лига, а Хувентуд е на седмото место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk