КК Работнички продолжува без еден од најискусните кошаркари

Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона!

Најтрофејниот македнски кошаркарски клуб Работнички, се соочува со сериозен проблем, откако Ивица Димчевски се здоби со тешка повреда поради која долго време ќе мине надвор од терените.

Македонскиот репрезентативец се повреди за време на дуелот со Фени индустри, а лекарските прегледи потврдија дека станува збор за сериозна повреда. Имено, репрезентативецот ги повредил лигаментите на коленото, а наскоро ќе следи и хируршки зафат и пауза од најмалку шест месеци, што би значело дека оваа натпреварувачка сезона е скоро сигурно завршена за овој кошаркар.

Ова е втора тешка повреда на Димчевски во последните неколку години, што повторно извесно време ќе го исфрли талентираниот играч од кошаркарските терени. Димчевски последен му се приклучи на Работнички, заедно со Бојан Трајковски и требаше да биде еден од носителите на играта на составот на Марин Докузовски.

Работнички поради финансиски проблеми нема да ангажира нов кошаркар како директна замена за Ивица Димчевски во периодот што следи, но не се исклучува можноста на почетокот од 2016 година да биде донесено ново засилување.

Фото: Екипа.мк

Поврзани

Најнови вести

Коментари