logo
logo
logo

Диетата на Лукаку е виновна за прекинот на доминацијата на Јуве...

Vecer | 12.03.2021

Диетата на Лукаку е виновна за прекинот на доминацијата на Јуве...

Се чини дека и дефинитивно, по девет скудета во серија, оваа сезона Јувентус нема ни да го помириса пехарот во Серија А. Грешката што Ањели ја направи со Пирло, скапо му се плаќа.

Сепак треба да се знае дека за тоа своја вина има и Интер кој игра во одлична форма во Серија А и е многу блиску до трофејот кој се чека цели 11 години, од 2010 кога “неро-аѕурите“ последен пат го освоија.

Најзаслужен за овие успеси на Интер секако дека е Ромелу Лукаку, кој е супер форма.

А зошто е тоа така, свој моментар има самиот Лукаку, кој не е ни налик на оној Лукаку од времето кога играше во Манчестер Јунајтед кога беше буцко.

За тоа дека се осеќам моќно, во супер форма, виниовна е диетата која ми ја препиша Матео Пинцела, главниот нутриционист во Интер. Не смеам да конзумирам алкохол, компир и секако пржени јадења. После секој меч конзумирам јаглени хидрати во големи количини, често знам да изедам и две пакувања, две њоки, се зависи од тоа што шефот Матео ќе подготви. Тоа оди брзо во циркулацијата и многу ми помага. Класично мојата диета се состои од салата за ручек, пилешки гради, Ширтаки паста. Да, доста често и во големи количини земам и витамини“ вели Лукаку.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk