logo
logo
logo

Џонов: Секој меч е како финале, Охрид ни е директен ривал за Европа

Vecer | 27.03.2021

Џонов: Секој меч е како финале, Охрид ни е директен ривал за Европа

Т.Пролет денеска оди по третата победа во низа во плеј-аутот по Металург и Е.Пелистер 2. Избраниците на Матлиески го пречекуваат Охрид (16.30 часот, сала „Македонско Сонце“), станува збор за ривал кој оваа сезона двапати го има совладано Т.Пролет.

„Одлично го стартувавме клучниот дел од сезоната, двете победи на стартот уште повеќе ја зголемија самодовербата кај нас, а атмосферата во тимот е на највисоко ниво. Секој меч е како финале за нас, а Охрид ни е директен ривал во таа борба за излез во ракометна Европа. Знаеме дека ќе биде тешко, но очекувам да одговориме на предизвикот и да стигнеме до триумф“, истакнува Иван Џонов за официјалната интернет страница.

Младиот бек е уверен дека повторно клучна ќе биде играта во одбрана ќе биде клучен фактор.

„Секогаш кога играме со Охрид, тоа се средби со мал број на голови, жестока одбрана и дуели на двете страни од теренот. Тоа ќе биде случај и овојпат, а двата порази од претходниот дел од сезоната ќе ни бидат само мотив да одиграме уште повеќе и да славиме над директниот ривал“, оптимист е Џонов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk