logo
logo
logo

Џон Оби Микел: Азар во Челзи не тренираше, само стоеше по страна

Vecer | 26.03.2021

Џон Оби Микел: Азар во Челзи не тренираше, само стоеше по страна

Некогашниот првотимец на Челзи и Џон ОБи Микел во едно интервју се озврна на неговото искуство со Еден Азар додега ја делеле соблекувалната на Стемфорд Бриџ.

Тој вели дека белгиецот дефинитивно е најталентираниот играч со кого некогаш бил заедно во ист тим но дека неговата работна етика едноставно не може да се нарече професионална.

„За време на тренинзите во Челзи, Азар поголемиот дел од времето стоеше од страна само набљудуваше што се случува. Беше убедливо најмрзлив, но затоа пак за време на викендов на мечевите ќе беше убедливо нашиот најдобар играч. Тој е неверојатен“ – вели Микел па додава. 

„Одсекогаш сум велел дека тој е сериозно талентиран. Има се, брзино, удар, сила, вештина, техника. Веднаш е зад Роналдо и Меси, но само кога тој сака тоа да биде“ – вели Микел.

„Некогаш ни велеше, Сакам да бидам како нив, можеби не како Меси, зошто е тој од друга планета, но како Роналдо можам да бидам. Често знаеше да го каже тоа, но никогаш не тренираше ниту од блиску како Роналдо. Азар е најлошиот колега на тренинзите кои некогаш сум го имал. Но, тој беше толку добар на мечевите, што на тренинг никој ништо не му замеруваше. Во сабота е најдобар во цела лига, а во понеделник стои од страна и не гледа како тренираме. Мислам дека не е фер, некој да е така талентиран, да може да си дозволи да не тренира, а да е најдобар“ – вели Оби Микел.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk