logo
logo
logo

Џио Струмица со „максималка“ го реши дербито со Вардар во Скопје

Vecer | 15.02.2021

Џио Струмица со „максималка“ го реши дербито со Вардар во Скопје

Одбојкарите на Џио Струмица ја продолжија доминацијата во домашниот шампионат, откако денеска го добија и дербито на врвот на табелата во Скопје против екипата на Вардар со убедливи 3:0 (25:21, 25:16, 25:15). Струмичани на ова гостување влегоа со серија од 11 последователни победи и само два загубени сета, па Вардар беше во мисија да се обиде конечно да ги задржи, откако веќе еднаш загуби од нив во првиот дел од шампионатот.

Сепак, избраниците на Кире Ричлиев покажаа дека во моментов се најквалитетниот тим на домашната сцена и во три сета успеаја да го решат победникот на мечот. Во сите три сета вардар почнуваше добро, но потоа не успеваше да се задржи во ритам.

За одбојкарите на Вардар ова беше третиот пораз сезонава, но мора да се напомене дека тимот претрпе играчки промени во текот на зимата, па тренерот Марјан Трајковски се уште го составува тимот за продолжението од сезоната.

  1. коло, Втора фаза – 1

„УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО“ – „БОРЕЦ“          3 – 0   

„ВАРДАР“ – „ЏИО СТРУМИЦА“   0 – 3

  1. коло, Втора фаза – 2

„ВЕСНА ПРОБИШТИП“ – „ЈАНТА ВОЛЕЈ“       3 – 0

„ШТИП – УГД ШТИП“ – „ДИБРА ВОЛЕЈ“           3 – 0   

„ЛИРИЈА“ – „ШКЕНДИЈА“ 1 – 3

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk